Иако изгледа како сцена од некоја реклама, оваа ситуација навистина се случи, а еден од случајните минувачи ја овековечи со својот фотоапарат и ја постави на социјалните мрежи. Имено, еден полицаец ставил магаре на задното седиште од својот службен полициски автомобил и се возел со него, па на минувачите им изгледало како да го уапсил.

 

Сепак, на крајот се воспоставило дека поручникот Кајл Канан добил повик од еден загрижен сограѓанин кој го забележал магарето како збунето се движи по улицата. За животното да биде безбедно, полицаецот го стави во својот автомобил и го однел во својата куќа додека не се утврди кој е неговиот сопственик.