Сопственичката на продавница за животни го прогласила полицаецот за јунак кога ја спасил од питон долг 4 метри кој одлучил да ја претвори во оброк.
Тереза Роситер од Еуген, во државата Орегон (САД) посегнала во кафезот за да му ја покаже на купувачот змијата долга 4 метри. Питонот одненадеж ја нападнал и ја гризнал. И се замотал околу левата рака и ја паднал на подот. Пријателот кој случајно се нашол во продавницата ја држел змијата подалеку од нејзиниот врат и телото додека купувачот повикал полиција. Полицаецот Рајан Нелсон брзо стигнал на местото на настанот. Бил спремен да ја убие змијата со нож. Но Тереза го молела да го поштеди скапиот питон. Нелсон тогаш облекол ракавици и му ја раширил устата на питонот за да ја ослободи нејзината рака, додека тројца пожарникари ја одмотувале. На крај успеале да ја вратат змијата во кафез.
– Тој е најхрабриот фраер кој до сега сум го видела. Направи многу повеќе одколку што неговата должност бара – рекла Тереза.
Тереза има десетина убодни рани и модрици од стискањето. Но, таа, полицаецот и питонот се добро.