Полицијата од Катедрал Сити го казнила својот службеник, кој верувале или не, скокнал гол во базен во кој се капеле три женски лица. Кога се одлучил на тој потег бил на должност и сега се товари за сексуално малтретирање. Ја соблекол облеката од себе и сакал да им се придружи.
Нападнатите жени повикале помош, но лукавиот полицаец излегол од базенот, ја облекол униформата и заминал пред да стигнат неговите колеги. Тоа било втор пат во одделот полицаец да се товари за сексуален престап. Полицаецот бил пуштен на платено отсуство додека не се расветли случајот.