Кога се гледаат статистиките на убиствата и другите насилни дела, њујоршката полиција во последниве децении станала пример за своите колеги во другите големи американски градови. За разлика, од на пример Чикаго, каде полицајците мака мачат со вооружените пресметки на уличните банди, во Њујорк полицајците се на вести доста често поради помали акции, како спасување мачки од дрво. Еден припадник на силите на редот во близина на едно основно училиште во Квинс забележал преплашена мачка на дрво па храбро самиот се качил да и помогне.


Но, очигледно се преценил, бидејќи набрзо и самиот заглавил на дрвото на висина од околу девет метри па го фатила вртоглавица. Излез пронашол во повикувањето на итната служба 911, која на местото на настанот испратила екипа пожарникари. Тие со помош на големи скали ги спасиле и полицаецот и преплашената мачка, додека „драмата“ од тло ја набљудувле ученици и неколку лица од соседството.