По грешка на операторот кој ги следел безбедносните камери, еден британски полицаец повеќе од 20 минути се бркал самиот себе. Полицаецот од Сусекс патролирал по улиците во цивилна облека поради низа провали кои се случиле во послено време. Операторот кој ја следел таа област на надзорните камери забележал сомнително лице, не сваќајќи дека се работи токму за полицаецот во цивил.
Операторот го наведувал полицаецот по улиците и му кажувал дека осомничениот е многу близу, во истата улица. Но, полицаецот никако не можел да го пронајде. Тоа траело повеќе од 20 минути додека во контролната соба не влегол шефот на смената и не „умрел“ од смеење кога сватил дека осомничениот всушност е член на неговата екипа. Деталите од овој гаф биле објавени во службениот полициски гласник.