Доаѓајќи пред куќата каде бил повикан поради мачка која прави проблеми, Мајк не можел ни да замисли дека го чека планински лав од 40 килограми. Сопственичката на куќата го пријавила случајот на диспечерот, кому му рекла дека никако не може да ја истера мачката која ја вознемирува во дворот. Не напоменала дека се работи за “малку поголема мачка“, поточно за планински лав.


– Се обидов да ја избркам, но не се даваше – рекла Беверли.

Гледајќи дека нема шанси со лавот, полицаецот повикал засилување. Животното го заспале и одвеле во зоолошка градина. Не е познато како лавот се нашол на улиците на Вајоминг.