Еден париски полицаец и помогнал на жена да се породи на улица, на неколку стотини метри од болницата, во која бремената жена не успеала да стигне.
Полициската патрола забележала една жена на која и се слошило на тротоарот од улицата во близина на болницата Тенон, во североисточниот дел на Париз.
Жената им објаснила дека се пораѓа и дека излегла од автобусот но не успеала да ги премине стотината метри до болницата.
Еден од полицајците тргнал во болницата по помош, а другиот ги забележал главата и телото на бебето и и помогнал на жената да го донесе детето на свет.
Кога лекарската екипа стигнала на местото на настанот, ја пресекла папочната врвца, а мајката и бебето ги одвеле во болницата.