Полицијата од Њу Јорк му ја одзела значката и пиштолот на еден полицаец откако на YouTube излегла видео снимка на која се гледа како наведениот полицаец удира велосипедист.


Очевидците изјавиле дека тоа е снимено на велосипедијадата Critical Mass, месечен протест против возењето со автомобили.


На снимката се гледа полицаец кој стои на улица, а крај него поминуваат велосипеди. После тоа тој му приоѓа на еден велосипедист, го удира и го фрла на земја пред толпата луѓе.