Д.Ѓ.,полициски службеник вработен во Секторот за внатрешни работи во Охрид, е санкциониран со 15 % од месечната плата во наредните два месеци, поради што поминал на наплатна рампа со службена легитимација, соопшти МВР. Идентична казна изречена му е и на неговиот скопски колега Н.Ш. кој исто така поминал на патарина без да плати.

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се пет решенија против петмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, информираше МВР.

Ohridnews