Полицаецот Енди Флитон на два различни континенти му наплатил казна на ист моторџија, пренесуваат медиумите. Полицаецот на автопат во Нов Зеланд го запрел моторџијата, на кој пред две години му наплатил казна во Лондон.


Додека ја пишувал казната моторџијата го запрашал полицаецот дали некогаш работел во околината на Лондон. Полицаецот одговорил потврдно. Потоа моторџијата му рекол дека го казнил пред две годони во Лондон. Во разговорот сфатиле дека полицаецот по 26 години стаж во Велика Британија се преселил на Нов Зеланд, а моторџијата пред две седмици исто така се преселил на островската земја.