Еден кинески полицаец кој умрел по едно пијанство со група локални бизнисмени бил прогласен за маченик кој умрел на должност. Во извадокот посветен на овој настан, локалниот весник го осудува широко распространетиот кинески обичај, пиење на големи количини алкохол на работните ручеци и прослави, на кои учесниците се обидуваат да се испијанат едни со други за да потпишат некој договор.


Сообраќајниот полицаец Чен Лусенг не бил на задача кога на крајот на октомври бил повикан на забава која ја организирале властите на едно блиско село. После неколку здравици, со кои се пиеле повеќе чаши алкохол, полицаецот се онесвестил и се угушил. Од полицијата објасниле дека го прогласиле за маченик за да може неговото семејство да добие отштета од околу 100 илјади долари.