Англискиот сообраќаец Џејми Слејтер бил осуден на три години затвор поради тоа што жените кои ги запирал по сторен прекршок ги пуштал без казна, доколку имаат секс со него. Утврдено било дека тој во станицата ги пронаоѓал адресите и броевите на жените кои ги запирал, им се јавувал и им предлагал секс во замена за високите казни.
Два пати секс имал и во службеното возило. Бил уапсен откако го пријавила една од жените на која и го соопштил непристојниот предлог. Сообраќаецот имал жена и две деца, а пред судот изјавил дека никого не присилувал на секс. Судијата без долго размислување го осудил на три години затвор.