Полициски службеник кој не бил на должност, во петокот попладне нападнал вработен во ЈП „Охридски Комуналец“ при извршување редовни работни активности во центарот на Охрид, соопшти јавното претпријатие.

“Немилиот настан се случи на ул.”Македонски Просветители” во строгиот центар на градот кога нашето специјално возило за подигање отпад требало да го подигне отпадот од контејнерите кои се лоцирани на ова место. Но контејнерите биле блокирани од паркирано возило. Нашиот работник го замолил сопственикот на автомобилот истиот да го дислоцира но му било соопштено дека возилото е во дефект . На сопственикот на автомобилот му било предложено да му помогнат па заедно да го дислоцираат возилото, како би можело непречено да се изврши подигање на отпадот. На ова сопственикот на автомобилот нервозно изреагирал и физички го нападнал и повредил нашиот вработен. Подоцна се установи дека сопственикот на автомобилот е вработен во МВР, но во дадениот момент не бил на службена должност“, стои во информацијата на ЈП Охридски комуналец, објавена на официјалната веб страна на компанијата.

Ohridnews