Јапонската полиција го уапсила својот колега кој и ја украл чантата на една 75-годишна старица. Бил фатен од двајца средношколци. 29-годишниот полицаец украл чанта во која имало само стотина долари.
Средношколците ја слушнале старицата како вришти и тргнале во потера со своите велосипеди. Го фатиле после 250 метри. Кога откриле дека станува збор за полицаец се шокирале. Шефот на полицијата им се извинал и на жртвата и на јавноста.