Лут што добил отказ, еден чилеански полицаец на лице место ја соблекол униформата, и од полициската станица излегол само по долна облека. Карлос Рипети не размислувал дека ќе му биде ладно кога ќе излезе на улиците во Сантијаго, бидејќи бил многу бесен, поготово кога полицајците кои пред неколку минути му биле колеги, се обиделе да го уапсат за непристојно однесување на улица и непочитување на полициската униформа.
Но, тој не водел грижа за тоа, туку заминал со автомобилот, додека зад него била организирана потера, а подоцна дури и добил казна бидејќи на еден од семафорите поминал на црвено. Разочараниот поранешен полицаец ед целата униформа одлучил да ја задржи само капата, бидејќи самиот ја купил.