Политичките опоненти од општина Дебрца денес подадоа рака за конструктивна политичка борба на овие локални избори.
Кандидати за градоначалници за претстојните локални избори за Дебрца се Игор Крцоски, од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Сашо Силјаноски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, а како независен се кандидираше актуелниот градоначалник Зоран Ногачески.
Тројцата кандидати се обврзаа дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење, се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите. Недвосмислено се обврзаа дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во другите институции или установи финансирани од Буџетот на државата, нема да користат говор на омраза и нема да вршат никаква дискриминација врз основа на пол, велат од Општинската изборна комисија од Дебрца.
OhridNews