Тестот за граѓаните да можат да се проверат дали се заразени од корона вирусот или не во институтот за јавно здравје чини 4.950 денари. Бидејќи тестовите за граѓаните се бесплатни, ова е сумата која Фондот за здравство ја наплаќа од министерството за здравство. Сето ова би било нормално, доколку тестовите во приватните клиники чинеа исто колку и во јавното здравство, а не трипати помалку односно 1.200 денари и 1.500 денари по тест во една од приватните клиники, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.

  • Разликата е огромна во цените на тестот од приватните клиники до јавното здравство, односно разликата во цената е дури 3.750 денари. Од ниту една од институциите под капа на Венко Филипче и Ден Дончев, нема конкретен одговор зошто цените се толку различни, односно зошто толку висока цена наплаќа Фондот на министерството. Ова што се случува е класичен криминал и воено профитерство. Со разликата од цената на тестовите, до цената која ја наплаќаат во јавното здравство ФЗО, ќе можеле да се купат 3.000 тестови повеќе за тестирање на граѓаните и наместо 1.000 тестирани до вчера, ќе можевме имавме 4.000 тестирани граѓани за појасна епидемиолошка слика, а не луѓе да дознаваат дека нивните блиски имале корона дури откако ќе починат истите, рече Арсовски.

Од СДСМ ваквите информации ги оценуваат како ширење на “лажни вести” и деструктивни сценарија против лекари и министри.

Во обид да го минимизира успехот на државата, деновиве ВМРО ДПМНЕ ги таргетираше двете министерства клучни во макотрпната работа за денес нашата земја да биде членка на НАТО и да отпочне преговори со Европската Унија, а сега и клучни министерства во борбата против коронавирусот. Но, ВМРО ДПМНЕ забораваат дека Владата предводена од СДСМ сите трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани и тие беа најголема тајна за граѓаните.Загрижува тоа што овие конструкции доаѓаат од луѓе кои точно знаат за што се работи, но сепак одлучиле да манипулираат и да ги лажат граѓаните само за да стекнат евтини, ситни политички поенти во време на криза, кога здравјето на граѓаните треба да им е најважно, велат од СДСМ.

  • Граѓаните им веруваат на институциите и вистината ја споделуваат од човек на човек, на социјалните медиуми и им даваат целосна поддршка на институциите кои се транспаренти и имаат постојана комуникација со јавноста, рече на прес конференција портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

OhridNews