Поразениот тајландски кандидат за гувернер, го нокаутирал телевизискиот водител за време на директниот пренос, бидејќи овој го провоцирал со тешки прашања. Кувит Камолвист, кого медиумите го нарекуваат „крал на салоните за масажа“, се извинил по завршувањето на  интевјуто бидејќи го изгубил трпението и го нападнал новинарот Висарн Дилоквич.


„Признавам, виновен  сум! Не можев да  поднесам некој така да ме провоцира“ – рекол боди-билдерот, кој пред да влезе во политиката бил сопственик на неколку стриптиз клубови.

Но, тој смета дека тоа е безначајно дело и дека ќе ја плати казната бидејќи повеќе пати го удрил новинарот со тупаници и лактот.

Висарн на полицијата и рекол дека политичарот се однесувал како убиец.