Една романска манекенка, која сака да ја разубави сликата која странците ја имаат за нејзината земја, одлучила да основа политичка партија наменете за убавите луѓе. Санчиана Бурујана сака на дебелите луѓе да им наметне данок на тежина, со кој тие би морале да плаќаат по десет евра за секој килограм повеќе. Нејзината намера е и да ги казни оние луѓе кои се шегуваат за сметка на блондинките.


Според нејзиниот политички план би требало да биде вметната и парична казна од 100 за неверство. Таа се залага и за закон со кој само манекенките во костими за капење би можеле да работат како туристички водичи. Таа смета дека овој закон би ја зголемил популарноста на Романија како туристичка земја.