Норвешка политичарка побарала неплатен годишен одмор и рекла дека нема да се кандидира на следните избори откако во јавноста се појавија големите сметки од телефонски разговори која ги направила со необични советници, гатачки.
„Советите од гатачките не помогнаа ниту влијаеја во работата на лабуристичката партија“ – рекла претседателката на партијата, Хил Марта Солберг најавувајќи го отказот на Кхан од партијата.
Кхан прво тврдела дека го барала момчето преку сателитски телефон. Наводно бил на тајна мисија со британските сили. Меѓутоа, 29 годишната политичарка одбила да го даде неговото име, години или база.Нејзината приказна не била прифатена бидејќи на војниците во мисија им е строго забрането да имаат приватни телефони. На крај биле приморана да каже дека во последните 9 месеци дури 793 пати разговарала со гатачка. Рекла дека ќе ги врати парите.
„Голем број од парите се потрошија на алтернативни советници, таканаречени гатачки. Жал ми е“ – напишала во изјавата.
Не се знае точно каков совет барала.