Вооружен напаѓач уби локална политичарка и две новинарки во гратчето Иматра во југоистична Финска. Претседателката на градскиот совет на Иматра и новинарките биле убиени на излегување од еден локален ресторан доцна синоќа. Две од жените се во раните 50-ти, а една е во 30-тите години.
Осомничен е 23-годишен маж, кој денеска бил испрашуван, но мотивите за нападот остануваат непознати, рекоа инспекторите на денешната прес-конференција. Иматра е мал крајезерски град на неколку километри од границата со Русија.
OhridNews
извор РСЕ