На празникот Божиќ, претседателот на државата Стево Пендаровски со семејството присуствуваше на богослужбата што утрово се одржа во православниот храм Св. Ѓорѓија во населбата Влашка маала во Охрид.

Денеска со Бети и Огнен присуствувавме на архиерејска литургија за Божиќ во црквата Свети Ѓорѓија во Охрид. Ви посакуваме празничните денови да ги поминувате во мир, спокој и радост со вашите најблиски. Да имаме убава година, да бидеме солидарни и да ги почитуваме вистинските вредности. – напиша на официјалниот Фејсбук профил претседателот Пендаровски.

Градоначалникот на Охрид, пак, Константин Георгиески, за Божиќ во друштво на сопругата го посети храмот Св. Никола во Долна Влашка маала.

-На сите православни верници им го честитам најрадосниот христијански празник Божиќ, со најискрени желби за среќно и од Бога благословено прославување на Христовото раѓање. Празничните денови нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство, насочувајќи не кон разбирање, проштевање и добра волја, како и желба за постојан напредок на заедницата. Христос се роди- Вистина се роди!– напиша на официјалниот Фејсбук профил градоначалникот Георгиески.

Г.М.