Навивачите на шпанскиот второлигаш Рајо Валјекано имаа необична акција на „дезинфенкција“ на својот стадион „Валјекас“, откако на натпреварот со Албасете (2-2) во посета на клубот беа двајца актуелни политичари.

Газдата Раул Мартино Преса ги покани на натпреварот  Сантијаго Абаскало и Роси Монастерија, лидери на ултрадесничарската партија „ВОКС“, по што навивачите во заштитни костими со метли го чистеа стадионот.

Нашиот стадион и нашиот клуб мора да бидат слободни и исчистени од фашизам, – објавија навивачите.

OhridNews