Германскиот политичар Франк Михаел Јохан бил уапсен во Берлин, и тоа поради кражба на тоалетна хартија. До овој политичар полицијата дошла после кратка истрага. Се почнало така што домарите, во зградата на градското собрание, забележале дека им недостигаат околу двесте ролни тоалетна хартија, па одлучиле да откријат што се случува.
Френк на дело бил уловен токму од домарите и тоа додека излегувал од тоалетот со една ролна тоалетна хартија во раката и една во неговата торба. Веста за неговото апсење ја потврдила и локалната полиција. Нивниот портпарол рекол дека вршат истрага за кражба на предмети чија вредност не е повисока од неколку стотини евра.