Во Австралија пајаците биле толку „вредни“ што зелените полиња ги прекриле со пајакова мрежа до таа мера што тревата не се гледа а пејзажите изгледаат неверојатно. Во областа Вага Вага во Нов Јужен Велс неодамна имало голема поплава, а милиони пајаци биле загрозени, па во борбата да се спасат од смртта се качувале на дрва, куќи и на високите треви. Иако на прв поглед делува дека полињата се прекриени со снег, станува збор за дело на милиони пајаци. Водата после извесно време се повлекла, а глетката после поплавата благодарение на пајаците изгледала прилично застрашувачки.
И додека случајните минувачи застануваат да ги фотографираат непрегледните полиња со пајакова мрежа која ги прекрива дрвата и тревата во целата област која била поплавена, оние кои живеат во ова место не се чувствуваат ни малку пријатно, бидејќи не знаат кога пајаците ќе си заминат. Сцените од белите полиња потсетуваат на хорор филмови, додека минувачите тврдат дека на некои од дрвјата пајаковата мрежа е формирана така што личи на шеќер.