По повод 7-ми април – Светскиот ден на здравјето како и по повод својот 5 годишен Јубилеј , Поликлиниката „ Кардиолаб Маџаров“ ќе им изврши бесплатни здравствени прегледи на првите 100 лица кои ќе одберат еден од наведените пакети на прегледи и ќе го закажат прегледот во поликлиниката или на телефоните : 046 27 24 27 и 078 27 67 33 во периодот од 09 до 17 часот.
Бесплатните пакети се состојат од следните прегледи: ПАКЕТ 1: Преглед на срце ( ЕКГ 12 канално, мерење крвен притисок, преглед од доктор ), ПАКЕТ 2: Лабораториска анализа на крвта ( одредување на шеќер и маснотии – холестерол и триглицериди ), ПАКЕТ 3: Ангио дино графија на каротидните артерии (проценка на циркулацијата на крвните садови кои носат крв во главата ), преглед од доктор субспецијалист кардиолог – ангиолог ).
Приоритет за преглед ќе имаат лица од социјални категории како и граѓани кои од било која причина во моментот немаат регулирано здравствено осигурување.
Понудата за бесплатни прегледи важи до денес.
OhridNews