Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и СВР Охрид, и оваа година го реализираа превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година“.

Во рамки проектот што стартуваше во 2008 година, полициските службеници на охриѓани и гостите кои во Охрид ги прославуваат новогодишните празници, им подарија новогодишни лампиони со желби за среќна Нова година.

Полициските службеници ги потсетија возачите на потребата од внимателно управување на возилата, некористење алкохол и мобилни телефони при нивно управување, почитување на сообраќајните прописи и на јавниот ред и мир, со цел безбедни празници.

OhridNews