Полицијата денеска во 13:30 часот на улица „Џон Кенеди“ кај продажен објект во паркот ги пронајде двете малолетнички за кои на 30 март беше пријавено дека се оддалечиле, соопшти МВР.

На улица „Џон Кенеди“, денеска во 13:30 часот, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М. К. (15) и А. А. (12), за кои на 30 март 2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите, соопшти МВР.

OhridNews