Полицискиот час синоќа од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) не го почитувале 12 лица, информираа денеска од МВР. Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро.

Во соопштението од МВР стои дека се преземени сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

OhridNews