Полициската акција на Ноу Камп, рано утрово, завршила со приведување на неколку лица во кои се наоѓаа и поранешниот претседател на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу, пренесуваат шпанските медиуми.

Акцијата позната како „Барсагејт“ на полицијата била поврзана со најмавување на медиуми и интернет платформи во кои биле омаловажувани поранешни фудбалери, тренери, лица во стручниот штаб и членови на Управниот одбор во екипата од Бартомеу.

Денешната акција на Ноу Камп е втора во краток временски период. Полицијата во посета на стадионот од Барселона беше во јуни, минатата година кога ги проверуваше документите од поранешното раководство.

OhridNews