Натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед во Париз во рамките од првата рунда во Лигата на Шампиони ќе се одигра без публика на трибините.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) дозволи одреден број на гледачи, доколку согласност дадат локалните власти. Но, во Париз синоќа беше прогласен полициски час од претседателот на Емануел Макрон. Се забранува излегување на улица од 21 до 6 часот, како и посета на стадионите.
Дуелот помеѓу францускиот првак ПСЖ и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е еден од осумте кои во вторник ќе означат почеток на фазата по групи во ЛШ.
OhridNews