Ковид 19 го менува светот, но некои работи остануваат константа. Односот на луѓето кон јавната чистота и комуналниот ред.

Планините, реките и езерото одамна ни служат за депонирање секаков отпад, а кога не се може до таму и на сила е полициски час, вишокот предмети од дома може да се остават и на улица, до контејнер, за да ги соберат нели.

Фотографииве се направени изминатиот викенд од локален жител во населбата Далјан, во близина на пресекот помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Трајче Трајчески“. Ако е за утеха барем ова ѓубре не завршило во природата. Вака сакале нејќеле комуналците ќе мора да го кренат. А, тоа што никој не им го почитува комунаниот ред, е тоа е друга работа и веројатно ќе остане така, се додека не почнат да се изрекуваат казни.

Г.М.