Во текот на изминатото деноноќие (01/02.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, 12 лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-6, Струга-3, Кичево-1, Дебар-2). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 1 мај во 21.15 часот 24 годишна жителка ви охридското село Косел, пријавила нарушен јавен ред и мир со закани упатени кон неа од 22 годишен охриѓанец.

Истиот ден во 22.30 часот, во полициската станица во Струга, 32 годишен жител на Поградец, Албанија, пријавил напад од две лица од Поградец и од едно, засега непознато лице.

Исто така на 1 мај,  во 05.45 часот,  лица од  Струмица и  Скопје, во домот на 72 годишен жител во струшкото село Вишни, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна караница и тепачка. Истиот ден во 16.30 часот, во струшкото село Лабуништа, две лица од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир и физички нападнале 36 годишен соселанец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира СВР Охрид.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 86 лица во изолација (Охрид-42, Струга-44). Од страна на полициски службеници извршени се 86 контроли врз овие лица. Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 69 лица (Охрид-39, Струга-18, Кичево-5, Дебар-7). Врз овие лица, извршени се 58 контроли (Охрид-30, Струга-18, Кичево-3, Дебар-7)

OhridNews