Полицијата соопшти детали за вчерашната несреќа во близина на Канео, во која животот го загуби едно лице. Починатиот е жител на Скопје. Тој во услови на лизгав и подмрзнат терен паднал од карпа.
07.02.2020 во 13:10 часот во СВР-Охрид, било пријавено дека кај место викано „Лабино“, имало повредено лице од пад на брегот од Охридското Езеро. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и констатирано било дека се работи за К.С.(64) од Скопје. – информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
OhridNews