Полициски службеници на овие избори првпат ќе го озбедуваат доверливиот материјал, меѓу којшто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоците од прсти на гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со МВР. На седницата е усвоено и упатство за гласање на болните и изнемоштените лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти.
Новина на овие избори во овој Правилник е што се воведува задолжително обезбедување при транспортот на избирачкиот материјал од страна на полицијата од ОИК до Избирачките одбори и обратно. Се работи, пред се, за доверливиот материјал гласачките ливчиња и Избирачкиот список, но овој пат за првпат и со измените на законот и техничката опрема за гласање за идентификација на гласачите при гласање преку отпечаток од прст. Тоа значи дека целокупниот доверлив изборен материјал се регулира да биде задолжително обезбдувањето, чувањето и транспортот од страна на полицијата, објасни членот на ДИК Борис Кондарко.
Исто така, како што кажа, во прилог на овој Правилник се донесува и образец за повикување на полициија што ќе им се достави на избрачките одбори. ДИК на секои избори па и на овие ќе соработува со Централниот изборен штаб на МВР за изборите.
OhridNews