СВР Охрид работи на расветлување на инцидентот што го предизвика гостинската навивачка група „Комити“ на натпреварот помеѓу екипите на Охрид и Вардар, што се одигра вчера на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, кој заврши без победник 0:0.
- За време на одржување на фудбалскиот натпревар на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, поголема група навивачи го наруши јавниот ред и мир со оштетување и уништување на инвентарот на стадионот како и со предизвикување насилство, палење и фрлање на пиротехнички средства. По интервенција на полициските службеници, спречен е обидот за насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, пронајдени и одземени се петарди, бакли и други пиротехнички средства. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
По расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, стои во соопштението.
OhridNews