Американската полиција, која ги истражува околностите околу смртта на директорката на фотографија на сетот на филмот „Раст“, доби наредба да го одземе мобилниот телефон на актерот Алек Болдвин. Болдвин, кој ненамерно ја уби снимателката Галина Хачинс додека снимала, тврди дека не го „повлекол чкрапалото“ на пиштолот што го држел.

Во судскиот налог, издаден вчера, се наведува дека „можеби има докази на телефонот“ кои се однесуваат на случајот, како што се пораки или мејлови испратени или примени од Алек Болдвин во врска со продукцијата на филмот.

Болдвин, кој е и продуцент на филмот, посебно разменил мејлови со задолжениот за оружјето на сетот, во врска со видот на револверот што ќе се користи во сцена на снимањето на „Раст“

Во инцидентот на снимањето на филмот, што се случи на 21 октомври полесно бил поврден и режисерот Џоел Соуза.

Откако била повредена Галина Хачинс со хеликоптер била префрлена во болница, каде што починала од здобиените повреди.

OhridNews