Доцна синоќа и утрово, српската полиција, детално ги претресува стадионите на Црвена Ѕвезда и Партизан. Во акцијата најмногу внимание е насочено кон трибините каде претстојуваат најжешките навивачите од двата клубови зад кои се кријат организирани криминални групи.

Српската полиција информираше дека од слобода се лишени 17 лица, а разбиени се неколку криминални групи, кои се товарат за голем број на злосторства во последниве десеттина години.

На суд ќе ја докажеме поединечната улога на секој од нив во злосторствата. Сакаме да напоменеме дека тие не се навивачи, туку обични криминалци. – изјави заменик началникот на спрската полиција Нинослав Цмолиќ.

Министерот за внатрешни работи во Србија, Александар Вулин ја пофали и поддржа српската полиција за акцијата, која како што рече тој била планирана неколку месеци.

OhridNews