Авионот кој прв пат лета директно од Автсралија до Велика Британија, полета денеска од западниот австралиски град Перт, со што времето на летање на оваа релација е скратено за три часа. Авионот не мора повеќе да прави прелет во Сингапур и на Блискиот Исток.

По 17 часовен лет авионот „Боинг 787-9 дримлајнер“ ќе слета на лондонскиот аеродром во 5 часот и 5 минути по локално време со поминати 14.484 километри.