Вчера непосредно пред полноќ авионот ДЦ-3 полета од аеродромот Темпелхов, а веднаш потоа сите светла на пистата се изгаснаа, со што службено овој аеродром се затвори.


Темпелхов е отворен во 1923 година, а за време на студената војна и советската блокада на западниот дел на Берлин, преку овој аеродром стигнувале сите намирници.

Аеродромот последните години остваруваше само финансиски загуби и е донесена одлука за негово затварање. Сеуште не е сигурно каква судбина ќе го снајде подрачјето на пистата и аеродромската зграда, а некои предлагаат изградба на трговски центар, парк, луксузна населба или музеј.