Околу 11.50 часот, на пресекот на булеварот „ Туристичка“ и улицата „ Македонски просветители“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторциклист и амбулантно возило на Итната помош, кое се движело со вклучени ротациони светла.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во сударот повреден е моторциклистот кој се здобил со полесни телесни повреди и е пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“.
Лицето е надвор од животна опасност.
OhridNews