Младенчињата од поларна мечка кои во декември биле родени во зоолошката градина „Хелабрун“ во Минхен, официјално добиле имиња. Се викаат Ноби и Нела, во слад со одлука сите животни родени минатата година да добиваат име кое започнува на буквата Н.
Реазиграните мечиња не се грижеле многу за посетителите кои биле насобрани околу нивниот кафез. Дури и кога чуварите го поставувале големиот знак со нивните имиња, младенчињата стари 16 седмици продолжиле да се тркалаат по тревата.