Стотина посетители на Берлинската зоолошка градина со ужас гледале како поларна мечка напаѓа жена која скокнала во заградениот простор за мечката. Чуварите брзо интервенирале и ја спречиле мечката да ја повреди жената уште повеќе.
Полицискиот портпарол изјавил дека жената која има психички потешкотии добила повреди по рацете и нозете. Таа скокнала во просторот токму во времето кога мечката добивала храна.