Полјакот Грегорж Гилевски ќе биде главниот судија на утрешниот натпревар со Холандија на “Градски” кој е во рамките на 2. коло од групата 9 во квалификациите за пласман на Светското првенство 2010 во Јужна Африка.
Судиската тројка од Полска ја сочинуваат уште и неговите помошници Мачеј Вјерзбовски и Рафал Ростковски.
Делегат на натпреварот ќе биде Австриецот Герхард Капл, а судиски контролор Стефано Браски од Италија.