Августовскиот испитен рок од државната матура ќе одржи на 14 и 16 август. За испитот се пријавени 2.255 кандидати од 87 средни училишта низ Македонија.

На 14 август ќе се полага македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. 825 кандидати се пријавени за полагање на мајчин јазик.



На 16 со почеток во 09 часот ќе се полага математика, англиски, француски , руски  и германски јазик како и  филозофија и естетика.

За училишна матура и завршен испит се пријавени околу десет проценти од вкупниот број на ученици,односно 2.300 ученици од вкупно 20.904 кандидати кои  завршиле четврта година во оваа учебна година.

Ohridnews