Дебелите луѓе имаат повеќе бактерија „Firmicutes“, која полесно се размножува во поладните краишта и црпи повеќе енергија од намирниците од другите микроби. Бактериите во цревата кои го зголемуваат ризикот од дебелина полесно се размножуваат во поладните области, откриле научниците од американските институти Баркли и Аризона. Исражувањето е спроведено во 23 земји на 1020 лица и потврдено е дека што е поладна климата, а земјата подалеку од Екваторот, тоа се поприсутни лошите батерии кои придонесуваат за дебелината. Во прилог на тоа оди и фактот што истражувањето покажало дека британците се најдебели во Европа.

Научниците веруваат дека овие бактерии се поделотворни во црпењето енергија од намирниците што ја зголемува телесната маса, пишува Дејли Мејл. Еден од истражувачите објаснил дека луѓето на северната полутопка се прилагодиле на тој начин што ја зголемиле телесната маса која помага во одржувањето на телесната температура. Со тоа само се потврдува дека микробиолошката флора зависи и од географските услови.