Починатиот актер Пол Вокер со тестамент цело свое богатство од 25 милиони долари го оставил на својата ќерка Медоу Вокер. Извршител на неговиот тестамент е таткото на актерот, кој исто така се вика Пол, па негова задача е да се погрижи парите да завршат на вистинското место. Актерот наводно ништо не наменил за останатите членови на семејството, па дури ни за девојката Џасмин Госнел, со која започнал врска кога имала 16 години.

Медоу одраснала на Хаваите каде живеела со својата мајка, Ребека Сотерос, но пред смртта на татко си таа се преселила кај него. Сослушувањето на суд е закажано за 20 февруари, кога ќе се изврши последната желба на актерот. Актерот почина во декември минатата година во автомобилска несреќа на 40 години.