Германецот Себастијан Фетел од пол позиција ќе атакува на првата титула во неговата кариера. Шампиониот од 2008 година Луис Хамилтон ќе стартува од втората позиција, шансите за титула на британецот се сведени на теорија.


Лидерот во генералниот пласман шпанецот Фернандо Алонсо ја зазеде третата стартна позиција. Бранителот на трофејот Џенсон Батон од четвртата позиција ќе ја предаде титулата на новиот Ф1 крал додека второпласираниот Марк Вебер се пласираше на петтата позиција.

Трката за големата награда на Абу Даби е утре со почеток во 14:00 часот.

Мх.П.