Пилтот на Мерцедес, Луис Хамилтон со оствари најдобро време во квалификациите за Гран При на Австралија. Така британскиот пилот ја освои седмата и рекордна пол-позиција на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, надминувајќи го легендарниот Аиртон Сена.

Британецот го освои првото место на стартната линија во последната брза обиколка, при што забележа време од 1:22,824 минути. Резултатот му беше за 0,272 секунди подобар од оној на Кими Раиконен од Ферари.

Клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас имаше несреќа уште во почетокот на третиот дел од квалификациите и на крајот остана само десетти. Себастијан Фетел со Ферари е на третата позиција. По него се наредија двајцата пилоти на Ред Бул Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

Рикардо сепак нема да стартува од петтата позиција, туку од осмата. Вчера тој беше казнет со враќање за три места на стартната линија поради прекршување на правилата при црвеното знаме за време на вториот тренинг.

OhridNews