Пол МекКартни неодамна во едно интервју кое ќе се емитува наредниот месец изјавил дека Јоко Оно не е виновна за распаѓањето на Битлси.

Тој вели дека веќе со години се зборува дека врската помеѓу Џон Ленон и Јоко Оно е главната причина за распаѓањето на легендарниот бенд, но тој тоа го негира.


Таа сигурно не е виновникот за распаѓањето, бендот уште тогаш веќе се распаѓаше, Џон беше поразличен од нас, и тоа ќе се случеше и без неа, изјавил МекКартни.

Славниот МекКартни додава и дека со сигурност Ленон не би ги напишал прекрасните песни како “Imagine” да не ја познавал Јоко. Истакнува дека во секој случај не може неа да ја обвинуваат за се.